Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на булеварот „Словенија“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата учествувале два патнички автомобила и едно товарно возило.
Според информациите од МВР, вчера (14.04.2026) во 15:30 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода во која биле вклучени патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И. (45), патничко возило „мазда“ со пробни регистарски ознаки, управувано од С.А. (31), како и товарно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.К. (37) од Куманово.
– Од незгодата со повреди се здобиле две лица, кои со возила на Итна медицинска помош се пренесени во медицинска установа за укажување помош, соопштија од МВР.
На местото на несреќата извршен е увид од полициски екипи, а причините за судирот дополнително се утврдуваат.

