Работник повторно почина во свињарска фарма во Амзабегово.
Ова е втора смрт за две години и едно тешко здравствено оштетување.
Лице на 64 години е пронајдено починато во свињарска фарма во селото Амзабегово, светиниколско, потврдува полицијата.
– На 14.04.2026 во 22:57 часот во СВР Штип – ОВР Свети Николе е пријавено дека во свињарска фарма во село Амзабегово, светиниколско, бил пронајден починат вработениот К.П.(64) од Свети Николе, инфромираа од полицијата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти СВР Штип.

