Се судрија „бмв“ и „цитроен“ – има повредени

Фото: Архива

21-годишна девојка е тешко повредена во судир меѓу нејзиното возило и друго возило на магистрален пат во струмичко. 

– На 14.04.2026 во 15:50 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во село Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Ѓ.(21) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски, управувано од А.С.(25) од село Смолари, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ѓ., констатирани во Медицински центар Струмица, соопштија од Министерството за внатрешни работи. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде