Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

На 15.04.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и ул.„102“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(63) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 15.04.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ со ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(32) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.В.(26) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде