Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против в.д. директорката на Национален парк „Галичица“ поради сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
Според информациите на полицијата, пријавената Ф.Ѓ. (58) од Ресен во текот на 2026 година, во својство на в.д. директорка на Националниот парк „Галичица“,
со пропуштање должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватна компанија од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало соодветна урбанистичка документација ниту, пак, одобрен инфраструктурен проект и која се наоѓала во заштитен појас од 50 метри.
Дополнително, за ова подрачје Општина Охрид има воведено времен мораториум за градежни активности, во согласност со планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион“, се вели во полицискиот извештај.

