Ужасна сообраќајна несреќа, во која учествуваат повеќе возила, се случи синоќа во скопската населба Ѓорче Петров.
Се судрија повеќе автомобили.
На видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека е предизвикана сериозна материјална штета.
Полицијата беше на терен и повеќе детали се најавени во текот на денешниот ден.
Нема информации за евентуално повредени лица.

