Ужасна сообраќајна несреќа синоќа ја потресе скопската населба Ѓорче Петров, каде дојде до верижен судир во кој учествуваа повеќе автомобили.
Сцените на местото на настанот се драматични – расфрлани делови од возила, искршени стакла и уништени каросерии го блокираа патот, предизвикувајќи хаос и паника меѓу граѓаните кои во тој момент се нашле на улицата.
Видеата кои веднаш се проширија на социјалните мрежи покажуваат сериозна материјална штета, а сведоци тврдат дека силата на ударот била толку силна што звучела како експлозија.
Сообраќајот во овој дел од градот е речиси целосно парализиран и се одвива со крајни потешкотии, додека колоните возила се зголемуваат од минута во минута.
Екипи на сообраќајната полиција се упатени на терен за да извршат увид и да ги утврдат причините за овој масовен судир. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, но според состојбата на возилата, вистинско чудо би било доколку нема настрадани.

