ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Приведени шест лица

Шест лица, меѓу кои и двајца малолетници, се лишени од слобода во полициска акција спроведена на повеќе локации во Скопје, откако кај нив била пронајдена марихуана.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, акцијата била реализирана во текот на ноќта меѓу 19 и 20 април 2026 година од страна на полициски службеници од СВР Скопје.

Приведени се Т.И. (35), Н.Ј. (21), М.Ц. (42), Ф.С. (27), како и 15-годишник и 17-годишник, сите од Скопје.

При извршените прегледи кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде