Кралицата на убавината Мајара Кристина де Лима Фиел почина на 31-годишна возраст по срцев удар, само неколку дена пред да настапи на престижен избор за убавина.
Манекенката била пронајдена без свест во својот дом во саботата околу 23:30 часот, пренесува „The Sun“.
Итните служби брзо пристигнале на местото и повеќе од еден час се обидувале да ја реанимираат, но, за жал, без успех. Според информациите, таа немала позната историја на здравствени проблеми. Зад себе ги остави сопругот и својот син.
Манекенката од јужен Бразил се подготвувала да учествува на нов избор за убавина кон крајот на овој месец.
Голем број изрази на сочувство пристигнаа за Мајара, која минатата година ја освои титулата Мис Лондрина, а беше и прва придружничка на изборот Мис Саранди 2025/26.
Витор Таварес, организатор на натпреварот на кој Мајара требаше да учествува, во емотивна објава на социјалните мрежи напиша:
– Таа беше исклучително посветена и вредна млада жена. Имав чест лично да ја запознаам кон крајот на минатата година. Од првиот момент беше јасно колку сериозно го сфаќа овој сон. Веќе ги имаше подготвено сите комбинации за натпреварот што требаше да се одржи на 29 април. Вежбаше, го заврши интервјуто, беше возбудена и полна со планови. Буквално вчера разговаравме и ми ги покажа фустаните, сè што со толкава посветеност го подготвуваше – изјави тој.
Тој додаде дека сè уште е во шок од трагичната вест.
– Многу е тешко да се прифати толку рана загуба на некој кој беше полн со живот, соништа и цели. Млада жена со прекрасна иднина пред себе – заклучи Таварес.
Мајара поседувала козметички салон во Саранди и била експерт во областа на естетиката.
Нејзините пријатели, семејството и обожавателите упатија бројни емотивни пораки по веста за нејзината смрт.

