„Жалам што во трчањето по обврски, не го испивме кафето кое го договоривме“: Кристијан Ландов со потресна порака

Пријателите, колегите и роднините се збогуваат со новинарката Гордана Дувњак.

Со последен поздрав се огласи и новинарот Кристијан Ландов:

Нема соодветни зборови за Гоца. Немаше човек на кому не му пристапуваше мајчински, добронамерно, искрено. И таква остана до последните моменти. Ја знаеше секоја шуплина во правосудниот систем, а уште подобро ги знаеше и сите глумци во тој свет. И по почетокот на Претрес, ќе пишеше критика, ќе се насмеевме, секогаш ќе посоветуваше. Сѐ гледаше со емоција. Жалам што во трчањето по обврски, не го испивме кафето кое го договоривме.

Пред некоја недела само ме потсети: „Се карав со телевизорот. Ама важно е тебе да ти веруваат, да се подготвуваш постојано, за да ти веруваат гледачите“.

Нека почива во мир. Тешко е да останеш голем професионалец и уште поголем човек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде