Тажната вест ја објави пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски.
„Со длабока тага ја примив веста за заминувањето на Драгица Велковска.
Таа беше истакнат член на Социјалдемократски сојуз на Македонија, поранешна советничка во Советот на Општина Куманово и во еден период успешно го водеше Форумот на жени на СДСМ во Куманово, оставајќи значаен белег со својата посветеност, енергија и искреност.
Нејзиниот придонес и човечност ќе останат трајно запаметени.
Изразувам искрено сочувство до семејството, блиските и сопартијците.“


