На регионалниот патен правец Валандово – Струмица денеска попладне се случи сообраќајна незгода во која се преврте товарно моторно возило (камион), поради што сообраќајот се одвива отежнато.
Според првичните информации, незгодата се случила околу 14:05 часот, по што надлежните служби веднаш излегле на терен.
Поради интервенцијата и расчистувањето на местото, сообраќајот на овој патен правец се регулира наизменично, со пропуштање на возила во еден коловоз.
Засега нема официјални информации за причините за незгодата, ниту за евентуално повредени лица. Очевидци велат дека камионот изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се превртел покрај патот.
На местото на настанот присутни се полициски екипи, кои вршат увид, како и служби за отстранување на возилото со цел нормализирање на сообраќајот.
Од надлежните апелираат до возачите да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината и да ги почитуваат сообраќајните правила и сигнализацијата, особено на делниците каде што се одвива наизменичен сообраќај.
Се очекува во текот на денот сообраќајот целосно да се нормализира, по расчистување на теренот и завршување на увидот.

