По подолг период без јавни обраќања, повторно се огласи Никола Груевски.
Неговото појавување во јавноста доаѓа во период кога неговото име повторно беше актуелизирано во медиумите, особено во контекст на политичките случувања поврзани со Виктор Орбан, како и анализите за можна екстрадиција во Македонија.
Греуевски ги информира граѓаните дека на Саемот на книгата во Скопје може да се најде неговата книга „Добро е да се знае 2“.
Тој посочува дека книгата е достапна на штандот на издавачката куќа „Ѓурѓа“, каде посетителите во текот на саемските денови ќе имаат можност да ја набават.
„Од денес до среда – 29 април 2026 година на Саемот на книгата, на штандот на издавачката куќа “Ѓурѓа”: “Добро е да се знае 2”“, напиша Груевски на Фејсбук.

