ОГРОМНА ТАГА: Познат идентитетот на момчето кое загина во тешка несреќа

34-годишник од Крива Паланка е загинатиот во несреќата што се случи вчера на градилиште во Кисела Вода.

Вчера во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани работници.

Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираа вчера од полицијата.

Скопското обвинителство издаде наредба за обдукција за починатиот.

„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција за починатиот. Државниот инспекторат за труд и Општинскиот градежен инспектор, исто така, ги истражуваат причините за несреќата и почитувањето на прописите за безбедност при работа“, порачаа вчера преку соопштение од ОЈО.

Неофицијално, загинатиот работник е сопруг и татко на две малолетни деца.

Тројцата повредени, се на возраст од 35 до 45 години, итно се однесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Двајца од нив имаат полесни телесни повреди и контузии, а се вршат дијагностички процедури. Едниот веднаш е лекуван од повреда на лактот, додека третиот пациент има скршеници на двете потколеници и бут. Нивната здравствена состојба се следи и медицинскиот третман продолжува“, информираа од Министерството за здравство.

Се очекува истрагата да ги открие точните околности на несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде