ЕВН најави исклучувања – проверете дали ќе останете денеска без струја

Делови од Скопје, поточно општина Центар, денеска (29 април 2026) ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини.

Според информациите, струја нема да има во периодот од 08:30 до 15:30 часот на улицата „Ленинова“, зграда број 29, влезови 1, 2 и 3.

Прекин е најавен и за објектот на ресторанот „Sushi Co“ во истиот временски интервал.

Од надлежните информираат дека станува збор за редовни активности за одржување на електродистрибутивната мрежа, со цел обезбедување постабилно и поквалитетно снабдување со електрична енергија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде