Полицијата во акција – претреси на повеќе локации, има уапсени

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Вчера во 20:00 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Е.(49) од Скопје.

Според информациите од МВР, при извршен преглед над него и при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници уапсија едно лице од Тетовско, откако во неговата куќа е пронајдена марихуана, соопшти Министертвото за внатрешни работи.

– Полициски службеници од СВР Тетово го уапсија С.С.(26) од с.Мала Речица, тетовско. При претрес во куќата во Тетово, во која престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана – инфрмира МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде