Прегазено младо момче – со тешки повреди итно пренесено во болница

Пешак е тешко повреден откако бил прегазен од возило на улица во Тетово. 

– На 28.04.2026 во 08:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(54) од Тетово, удрило во пешакот А.К.(29) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово, информираа од МВР. 

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде