Убава вест за пензионерите: Проверете ги сметките, овие банки предвреме ги исплатија пензиите

Четири банки информираа дека започна исплатата на пензиите за месец април 2026 година, а средствата веќе се достапни за пензионерите согласно банкарските процедури.

Алта банка АД Битола соопшти дека исплатата е реализирана на 29 април, при што средствата се достапни на платежните сметки на корисниците.

Халкбанк АД Скопје информираше дека пензиите се достапни во сите филијали, на банкоматите, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Дел од пензионерите, доколку претходно дале согласност, пензијата можат да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Силк роуд банка, исто така, соопшти дека пензиите се исплатени и достапни за подигнување во експозитурите, на банкоматите и преку електронските услуги, како и за безготовинско плаќање во трговската мрежа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде