Пратеникот Миле Цеков ја напушта пратеничката група на ЗНАМ која е дел од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и од денеска е независен пратеник, пренесе Тв 24.
Според информациите, тој вели дека во политиката влегол да ја смени политиката, а не себе си и дека е незадоволен од многу работи.
По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој не е дел од власта.
Станав пратеник пред две години за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот, но и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, промените не се случуваат“ рече Цеков.
Не кажа конкретно дали власта ја менува со поддршка за опозицијата, но вели отворен е за соработка со сите кои ги делат неговите вредности.

