На 28 април 2026 година, околу 22:25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Благоја Стефковски“ и „Методија Андонов Ченто“ се случила сообраќајна несреќа.
Во судирот учествувале патничко возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски таблички, управувано од 26-годишниот Д.Ј., и мопед со скопски ознаки, управуван од 32-годишниот Н.С., двајцата од Скопје.
Според информациите од МВР, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник, 40-годишниот Е.Б. од селото Долно Количани, се здобил со полесни повреди. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на екипа на СВР Скопје.

