Пристигнаа лоши вести: Познатот актер откри дека боледува од неизлечива болест

Ѕвездата на серијата „Куќа на змејот“, Сајмон Расел Бил, откри дека боледува од тешка и неизлечива болест. На познатиот актер му бил дијагностициран рак на дебелото црево, со кој тајно се борел во изминатите осум месеци.

Актерот, кој во популарната серија го толкува ликот Сер Сајмон Стронг, е познат и по улогите во филмовите „Мојата недела со Мерилин“, „Мери, кралица на Шкотите“ и „Смртта на Сталин“.

Тајна борба по снимањето

Сајмон открил дека веднаш по завршувањето на снимањето на спин-оф серијата од „Игра на тронови“ бил итно пренесен во болница, каде лекарите му ја соопштиле веста за ракот.

Минатата година актерот се повлече од театарска претстава поради, како што тогаш беше наведено, „лоша здравствена состојба“, а сега конечно јавно проговори за својата борба.

„Одлучив да им кажам на сите… Ја завршив сезоната на ‘Тит Андроник’ во Стратфорд, потоа работев на ‘Куќа на змејот’, а потоа ме однесоа во болница каде открија дека имам рак на дебелото црево“, изјавил актерот за време на настан во Лондон.

„Последните осум месеци беа комплицирани“

Тој признал дека најтешко му паднало повлекувањето од актерските проекти.

„Последните осум месеци беа навистина комплицирани. Сè ова е многу тешко, а особено е незгодно кога мора да се повлечете од проекти, нешто што никогаш претходно не сум го направил“, рекол Сајмон.

Се враќа на сцената и покрај болеста

И покрај сериозната дијагноза, актерот не планира целосно да се откаже од работата. Тој открил дека веќе прифатил нов ангажман како наратор во куклена верзија на Шекспировото дело „Венера и Адонис“, која летово ќе гостува низ Велика Британија.

„Сега сум во онаа чудна фаза кога се прашувам дали смеам повторно да ризикувам. Одлучив дека ќе ризикувам и повторно почнувам следната недела“, порача актерот.

По неговото повлекување од претставата на Вест Енд, го заменил актерот Џон Хоџкинсон. Од Кралската Шекспирова компанија тогаш соопштија:

„Сите сме многу тажни што Сајмон Расел Бил мораше да се повлече од улогата. Му посакуваме брзо закрепнување.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде