УХМР утрово со најнова прогноза: Денеска врнежи од дожд – еве во кои делови од Македонија

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди.

Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

До недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде