Сообраќајна несреќа во која учествувале неколку возила се случила синоќа пред Џевахир Мол, во скопската населба Аеродром.
Според првичните информации, во несреќата се судриле најмалку три возила, при што на едно од нив е забележлива поголема материјална штета на предниот дел.
На местото на настанот веднаш пристигнала полиција, која извршила увид и ги утврдува околностите под кои дошло до судирот.
Засега нема официјални информации за повредени лица, а сообраќајот во овој дел од градот се одвиваше отежнато.
Повеќе детали се најавени во текот на денешниот ден.

