Видео снимка од безбедносни камери во месарница во Скопје деновиве се споделува на социјалните мрежи, а на неа се гледа како млада женска личност ја зема кутијата наменета за донации, поставена веднаш до касата.
Според снимката, девојката најпрво купува во месарницата, а потоа во момент кога вработените не забележуваат, ја зема кутијата и ја става кај себе.
Видеото предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи, особено поради фактот што станува збор за кутија наменета за хуманитарни донации.
Засега нема официјални информации дали случајот е пријавен во полиција.

