Тажната вест ја објави лидерот на СДСМ:
Изразувам длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на прерано починатиот наш другар и сопартиец, Дејан Николовски.
Како долгогодишен активист, носител на функции и член на Извршниот одбор на СДСМ, Дејан остави значаен белег со својата посветеност, одговорност и искрена борба за социјалдемократските и општествените вредности.
Ќе го паметиме по неговата човечност, чесност и другарскиот дух.
Неговиот придонес во СДСМ ќе остане трајно врежан во сеќавањата на сите нас кои имавме чест да го познаваме и да соработуваме со него.
Нека му е вечна слава! Нека почива во мир!


