Вечерва се огласи Никола Груевски – испрати јасна порака

Фејсбук пост на Никола Груевски

Ако има уште некој во Македонија кој сеуште има мал сомнеж околу постоењето на еден брутален политички прогон, еве уште една изјава во линкот прв во коментарите, овој пат сведочење на Јане Ченто, внукот на Методија Андонов – Ченто.

Ако некој мисли дека за другите судски случаи било различно од ова, веднаш да знае дека било исто. Истите методи.

Вака обезбедуваа лажни сведоци. Доволно им беше дури и уценетиот само да каже “веројатно”, “мислам” или “претпоставувам”.

Потоа, на основа на тие лажни сведочења или претпоставки не осудуваа и прогласуваа за виновни, за пак на основа на тоа некој денес да може да не нарекува криминалци.

Но, не секој беше издржлив и достоинствен како Јане Ченто. Затоа сега едни ги нема во јавноста, а други се слободни, горди на себе и својата доследност, издржливост, достоинство, и чест.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде