ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски политичар, поранешен градоначалник

Тажната вест ја објави Митко Јанчев:

Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот сограѓанин, поранешен градоначалник на Општина Кавадарци и претседател на Советот, г-динот Иван Чулев, човек кој остави длабока трага во развојот и животот на нашиот град.

Замина човек за почит, искрен пријател, посветен работник и личност која со својата мудрост, чесност и човечност знаеше да обединува и да биде поддршка за многумина. Неговиот придонес за Кавадарци ќе остане трајно запаметен, а споменот за него ќе живее меѓу граѓаните и сите што имаа чест да го познаваат.

Во мое лично име и во име на Општина Кавадарци, изразувам искрено и длабоко сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите кои тагуваат по неговата загуба.

Нека почива во мир 🙏

Screenshot

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде