Ќе има невреме во делови од Македонија – УХМР утрово со најнова прогноза

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во претпладневните часови ќе преовладува стабилно време, додека попладне се очекува локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, а во западните делови од земјата повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 28 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви интервали и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во главниот град ќе се движи од 12 до 28 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде