Трагична вест ја потресе естрадата: Млад музичар загина во тешка сообраќајка

Бројни колеги и пријатели се збогуваат со младиот музичар на социјалните мрежи. Младиот тапанар загина во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во близина на Иваниќ-Град во четврток вечерта.

Дваесетгодишниот Борна Јурички загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во 21:43 часот на 68-миот километар во правец исток.

Во несреќата учествувале автомобил во кој се наоѓал Јурички и камион со приколка.

„Не можеме да веруваме дека го пишуваме ова и дека мораме да го кажеме ова гласно. Го изгубивме нашиот Борна. Изгубивме дел од себе .

Не можеме да кажеме многу повеќе во моментов бидејќи сите зборови се излишни, освен дека те сакаме Борна, ти си дел од нашето семејство и еден ден, некаде подалеку, ќе се сретнеме повторно“, рекоа од бендот „Друга димензија“, во кој свиреше Јурички.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде