УЖАС: Девојче паднало во отвор од лифт во зграда во изградба – со тешки повреди итно пренесена во болница

17-годишно девојче паднало во отвор од лифт во зграда во изградба и тешко се повредило, соопшти полицијата.

Имено, вчера во 04:00 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар,

нејзината 17-годишна ќерка паднала во отвор за лифт во зграда во изградба и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде