Скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот партнер ја нападнал и ѝ се заканувал со огнено оружје, по што полицијата го привела, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 10.05.2026 во 05:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.05.2026 околу 22:00 часот во
неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје физички ја нападнал неговата 33-годишна партнерка од Скопје и ѝ упатувал закани со огнено оружје“, информираат од МВР.
Според пријавеното, тој и во изминатиот период бил насилен кон неа, но досега не го пријавувала.

