Славчо Попоски утрово информира дека започнаа врнежите од снег во делови од Европа.
„Обилно паѓа снег на високите места во Италија, ладниот бран започнува од северозапад да се спушта кон Европа, Балканот и Македонија“, напиша Попоски на Фејсбук.
Попоски претходно информара дека веќе од 12 Мај 2026, вторник, територијата на Балканот ќе биде зафатена од нов доста ладен бран кој ќе се спушти од северозапад преку Алпскиот регион и
ќе донесе нагло заладување, пад на температурите за 10 до 15 па и за повеќе од 15 степени, силен ветер, дожд па дури и појава на планински снег.
Веќе од ноќта кон среда 12/13 Мај 2026 поголем пад на температурите очекувам да има и во Македонија.
Морам да напоменам дека оваа нагла и голема температурна промена особено негативно ќе се одрази врз метеопатите кај кој ќе има значителни здравствени проблеми.

