Екс министерот за земјоделство, шумарство и водостапнство во Владата на СДСМ и ДУИ во моментов дава исказ пред обвинител откако бил пријавен од страна оштетени земјоделци дека незаконски доделувал средства од програма на министерството за земјоделие, јавува Инфомакс.
Според сознанијата на Инфомакс тој се сомничи за злоупотреба на средства во висина од 800 илијади евра кои требале да завршат кај македонските земјоделци, но според оштетените завршиле кај партиски луѓе од СДСМ.
Пред полицијата и обвинителството Николовски посочува дека парите се доделени соогласно уредба на Влада која според нашите сознанија му дала дискреционо право на министерството на тоа кој земјоделци можат да им се доделат овие средства.
Претходно Инфомакс објави дека поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на СДСМ и ДУИ е повикан во СВР Скопје на службен разговор.

