Познатиот македонски пејач објави дека се разведува

Македонскиот пејач Александар Темелков преку објава на социјалните мрежи денеска соопшти дека тој и неговата сопруга донеле одлука да се разведат.

Во емотивната порака, Темелков истакна дека причината за разделбата се различните карактери, но нагласи дека и понатаму ќе останат во добри пријателски односи поради нивниот син Мите.

„Драг мои фанови, почитувана јавност, ве известувам дека јас и мојата сопруга одлучивме да се разведеме.

Едноставно, различни карактери, но ќе останеме во добри пријателски односи поради нашиот син Мите.“, напиша Темелков на Фејсбук.