Регионот во тага: Почина познатата актерка

Српската актерка Злата Лебовиќ Јаковљевиќ почина на 84-годишна возраст.

Злата дипломирала глума во Белград, во класата на професорот Мате Милошевиќ. Во текот на кариерата била член на Народниот театар во Ниш, потоа на Српското народно позориште во Нови Сад, како и на Детскиот театар „Бошко Буха“ во Белград.

Иако нејзината професионална актерска кариера била релативно кратка, таа освоила две значајни признанија. Добитничка била на наградата „Јоаким Вујиќ“ за улогата на Катерина Ивановна во драмата „Браќа Карамазови“ од Ф. М. Достоевски, како и на Стеријината награда за улогата на Ирис во драмата „Викторија“ од Ѓорѓе Лебовиќ.

Покрај актерството, Злата Лебовиќ Јаковљевиќ се занимавала и со објавување на драмското творештво на својот сопруг Ѓорѓе Лебовиќ.

Во Израел учествувала како наратор на хебрејски јазик во либретото за ораториумот „Распадот на Југославија во четири слики“, по текст на Ѓорѓе Лебовиќ и музика на Р. Рихтман.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде