18-годишник со мотоцикл прегази жена – со тешки повреди итно пренесена во болница

18-годишник прегазил 69-годишна жена во Свети Николе. Не поседувал дозвола за управување со мопедот. 

– На 12.05.2026 во 12:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе, мопед со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(18) од Свети Николе, удрил во 69-годишната У.Ц.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила У.Ц., констатирани во Клиничка болница Штип, информираа од МВР

Н.Д. е лишен од слобода, затоа што при извршен увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе било констатирано дека Н.Д. го управувал мопедот, без да поседува возачка дозвола.

Тој е задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.