Тажната вест ја објави Sv Kiril i Metodij – Chicago
Со длабока тага и болка во срцата известуваме дека на 11 мај 2026 година, во раните утрински часови, нè напушти нашиот сакан
СЛАВЧО ЧУРКОСКИ
(1976 – 2026)
Славчо беше светол пример за добар човек, посветен сопруг и пожртвуван татко. Својот живот несебично го посвети на своето семејство, на својата професија и на македонската заедница, оставајќи неизбришлива трага како во Чикаго, така и во родната Македонија.
Информации за погребната церемонија:
Погребот ќе се изврши во Среда, 13 мај 2026 година, во црквата „Св. Кирил и Методиј“.
• 9:00 – 11:00 ч: Изложување на телото и последно збогување.
• 11:00 – 12:00 ч: Опело со Богослужба.
• Погреб: По службата, неговото тело ќе биде пренесено и погребано на гробиштата Clarendon Hills Cemetery во Darien.
Ги повикуваме сите пријатели, роднини и почитувачи кои сакаат да му оддадат последна почит, да ни се придружат во заедничката молитва.
Бог да му душа прости и царство небесно!
Вечна му слава!
Ожалостени: сопругата Кристина, ќерката Елена, синот Димитри и останатото семејство.

