Полицијата во текот на изминатото деноноќие приведе 13 возачи низ државата поради безобѕирно управување со возила, а дел од нив предизвикале и сообраќајни незгоди.
Според информациите, 12 од приведените управувале возила без возачка дозвола, додека еден возач бил под дејство на алкохол.
Двајца возачи биле лишени од слобода во Гевгелија, од кои едниот бил и алкохолизиран, а по еден случај имало во Скопје, Тетово, Гостивар, Валандово, Дебар, Охрид, Битола, Куманово, Велес и Свети Николе.
Од МВР информираат дека возачите во Велес и Свети Николе предизвикале сообраќајни несреќи, додека во Куманово возач на мопед, кој бил под дејство на алкохол, исто така предизвикал незгода.
По целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од полицијата апелираат граѓаните да не управуваат возила без возачка дозвола и под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

