Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Фото: Архива

Едно лице е тешко повредено, а две лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Боца Иванова“ во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 12 мај околу 18 часот.

Во судирот учествувале две патнички возила – „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управувана од 46-годишниот И.С. од Куманово и „сеат“ управуван од 22-годишниот Е.Р. од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на „дачиата“, додека со полесни повреди се здобиле возачот на „сеатот“ и неговиот сопатник Б.М. (24) од Скопје.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на утврдување на причините за несреќата.