Пресврт: Животното пронајдено во Козле е куче, а не волк

Новооткриеното животно во скопската населба Козле, за кое првично се шпекулираше дека е волк, најверојатно е куче, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Од институцијата за 24инфо.мк изјавиле дека не биле официјално известени за случајот, а според досегашните информации, животното е чипирано и неговиот сопственик веќе го побарал.

„Животното што синоќа беше пронајдено во Козле и пренесено во карантин во Зоолошката градина во Скопје ќе биде предмет на дополнителни испитувања од страна на АХВ“, посочуваат од агенцијата.

Случајот предизвика бројни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, особено поради тврдењата дека станува збор за диво животно. Надлежните институции најавуваат дополнителни проверки за целосно расчистување на случајот.

Извор: 24инфо.мк