Пристигна убава вест: Платите на овие вработени се зголемува за 7%

Пристигна убава вест: Платите на овие вработени се зголемува за 7%

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, објави дека е потпишан договор со Синдикатот на работниците за зголемување на платите на општинската администрација за 7 проценти од основната плата за следните три години, објавува ТВ21.

Според Касами, одлуката има за цел да ги поддржи вработените и да создаде помотивирана и поценета администрација.

„Уште еден важен чекор за евалуација на општинската администрација! Денес, заедно со Синдикатот на работниците, го потпишавме договорот за ЗГОЛЕМУВАЊЕ на платите на општинската администрација за 7% од основната плата, во тек на ТРИ ГОДИНИ ПО РЕДОСЛЕД.

Одлука што ја докажува нашата посветеност на поддршката на вработените и градењето помотивирана и поценета администрација“, напиша Касами.