Трагедија: 41-годишен маж ја пронашол почината својата сестра

Лице на 41 година вчера (недела) приавило дека ја пронашол во стан својата почината 46-годишна сестра.

Јавниот обвинител наредил да се направи обдукција на телото.

„На 17.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, З.К.(41) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје ја пронашол почината неговата 46-годишна сестра З.К. од Скопје.

По насоки на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција“, велат од МВР.