Невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови (над 20 л/м²), грмежи и засилен северозападен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 13 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 18 до 26 степени.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 50 км/ч.