Апсење на повеќе локации во Скопје – МВР со детали

Во текот на ноќта меѓу 22 и 23 мај 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(28), М.К.(30) и С.А.(30), сите од Скопје, поради поседување дрога.

Како што информира полицијата, кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

Од МВР соопштија дека по целосно расчистување и документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.