УЖАС: Товарно комбе прегази млада девојка

Фото: Илустрација

Денеска(23.05.2026) околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул.”Христо Татарчев”, ул.”Марко Орешковиќ” и бул.”Србија” настанала сообраќајна незгода

помеѓу товарно возило “фолкваген” со скопски регистарски ознаки кое било паркирано од М.Р.(34) од Скопје, кое само тргнало и удрило во пешак И.К.(25) од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.К. констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники “Мајка Тереза”.

СВР Скопје презема соодветни мерки за утврдување на причините по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.