Стапија во сила новите цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука за корекција на малопродажните цени на нафтените деривати. Според најновата одлука, цените во просек се зголемуваат за 0,46%.
Бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар. Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 89,50 денари за литар.
За 0,50 денари по литар се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), па литарот ќе чини 94,00 денари.
Зголемување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се покачува за 0,330 денари по килограм, со што новата цена ќе изнесува 51,144 денари за килограм.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува непроменета, и продолжува да изнесува 92,00 денари за литар.

