Земјотрес ја стресе Хрватска

Според хрватската Сеизмолошка служба, потресот се случил во 9:51 часот, а епицентарот бил на околу осум километри од Петриња…

Умерен земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Хрватска, во близина на Петриња.

Според хрватската Сеизмолошка служба, потресот се случил во 9:51 часот, а епицентарот бил на околу осум километри од Петриња.

Потресот бил почувствуван во Сисак и поширокиот регион, а тресењето на тлото било забележано и во Загреб и околните населби.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.