12. годишно девојче избодено по гениталиите со виљушка – мајката го пријавила случајот во полиција

Полицијата и надлежните институции во Србија истражуваат инцидент меѓу две девојчиња, пријавен од мајката на едното дете.

Настанот се случил по завршување на часовите, а случајот веднаш бил пријавен и во Центарот за социјална работа. Поради малолетноста на учесниците, од институциите не се откриваат повеќе детали.

Нападот се случил додека девојчето се враќало од училиште, а девојката што го извршила нападот била 2 години постара.

Нападот се случил во продавничка, а институциите не изнесуваа повеќе детали заради тоа што се работи за малолетни лица.

Вишото јавно обвинителство во Врање го испитува случајот кој се случил во Бујановац, откако било пријавено дека девојче од 12 години, од страна на пријателка, била избодена по гениталиите.

Нападот наводно се случил со пластична виљушка, а инцидентот го пријавил мајката на оштетеното девојче од Бујановац.

Заради малолетните лица од сите надлежни установи и институции велат дека не можат да откријат повеќе детали, освен дека истрагата се уште е во тек, пренесуваат српските медиуми.

Според неофицијални информации, нападот се случил по враќање на девојчињата од училиште, кога влегле во една продавница.

Тогаш девојчето кое е две години постаро од нападнатото девојче го нападнало и го прободе по гениталиите со виљушка.

Случајот е пријавен и во центарот за социјална работа во Бујановац, а девојчето е испратено кај гинеколог.

Овој случај предизвика големо внимание во регионот и потсетува дека секое дете заслужува безбедност, разбирање и поддршка.