Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна вечерва на Пластичарска во Скопје, каде според првичните информации дошло до сериозен судир помеѓу патничко моторно возило и мотоциклист.
На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на полицијата и Итната медицинска помош, кои интервенирале по пријавата за сообраќајката.
Засега нема официјални информации за степенот на повредите на учесниците во несреќата, ниту за причините кои довеле до судирот.
Поради увидот и расчистувањето на настанот, сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.
Надлежните служби вршат увид со цел да се утврдат сите околности под кои се случила сообраќајната несреќа.
Граѓаните се повикуваат на внимателно управување со возилата и почитување на сообраќајните правила, особено во услови на зголемена фреквенција на сообраќај.

