Голема трагедија ја потресе Македонија: Почина млад фудбалер од школата на Гроздановски

Тажната вест ја споделија од Фудбалската школа Гроздановски.

Со голема тага и неверување ја примивме веста за заминувањето на Петар. Дете и наш член одреден период во нашата школа кој зад себе остави неизбришлива трага, добрина и спомени кои вечно ќе живеат меѓу сите што го познаваа.

Во овие тешки моменти изразуваме најискрено сочувство до неговото семејство, неговиот брат Марко, роднините и пријателите.

Нека му е вечна слава и вечен помен.

Почивај во мир Петар.